САД извршија нови воздушни напади врз Иран
САД извршија уште една рунда воздушни напади врз Иран, насочени кон крајбрежни објекти за надзор и воздушна одбрана. Иранските државни медиуми објавија дека островот Кешм во Ормускиот теснец бил нападнат...

САД извршија уште една рунда воздушни напади врз Иран, насочени кон крајбрежни објекти за надзор и воздушна одбрана. Иранските државни медиуми објавија дека островот Кешм во Ормускиот теснец бил нападнат. Таргетирана и Иранската револуционерна гарда одговорна за нападот во кој загинаа двајца американски војници во Јордан во петокот, еден војник сè уште е исчезнат.
Како одговор на најновите ракетирања, иранската армија соопшти дека употребила беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, предупреди на „незаборавни лекции“ ако сад продолжат со нападите.
„Ова темно искуство на криминал и неверност служи како уште еден неоспорен доказ за измамата, ирационалноста, несигурноста и злобата на Америка. Сега кога американскиот непријател се обидува да го ескалира конфликтот и да сноси уште поголеми трошоци и поголем срам, треба да знае дека драгата иранска нација и Фронтот на отпорот имаат незаборавни лекции за него“, соопшти врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи.
Ајатолахот го нарече потписот на американскиот претседател Трамп „безвреден и недоверлив“, откако ирански преговарач претходно изјави дека Техеран ги суспендира своите обврски кон привремениот договор потпишан од двете земји пред околу еден месец. Договорот имаше за цел трајно завршување на војната.
