МВР
Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот
19.07.2026 20:18
Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје...

Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје, соопштија од МВР.
Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени.
Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
