Партиски препукувања

19.07.2026 15:54

Партиските препукувања по недонесувањата на Изборниот законик, се засилија со обвинувањата за состојбите во правосудството по извештајот од Брисел за владеење на правото...

Партиските препукувања по недонесувањата на Изборниот законик, се засилија со обвинувањата за состојбите во правосудството по извештајот од Брисел за владеење на правото.

Проблемот на триото СДСМ, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади – велат во владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ДПМНЕ, велат во опозициската СДСМ.

Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото претставува директна пресуда за моделот на владеење што го практикува ВМРО ДПМНЕ – велат во Левица. Наместо институции што го штитат јавниот интерес, комисијата опишува држава во која корупцијата продолжува да навлегува и во секторите од кои зависат животот и здравјето на граѓаните.

Миле А. Ристески