Груевски му одговори на Заев

24.12.2013 11:23

„Некој ќе ми каже за враќање на средната класа, некој што ја уништи таа средна класа. Некој со капитал од 6-7 милиони евра.“ Ова го истакна премиерот Никола Груевски на трибината во Струмица. Тој посочи  дека политичкиот опоненент дава нереални ветувања на кои, како што рече, никој не може да им верува.

-„И денеска некој ќе ни говори за враќање на средната класа , некој  што ја уништи тотално таа средна класа.И некои денес со 6 или со 7 милиони ерва ни  говори дека бил средна класа во Македонија и дека ќе донел 10 илјади евра  минимална плата . Па кого лажат тие“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на трибината во Струмица. 

Намалување на невработеноста за десет проценти во услови на финансиска криза, зголемување на пензиите и социјалните плаќања, на платите. Странски инвеститори кои веќе реинвестираат во Македонија поради добрата бизнис клима. Грижа за образованието и здравството. Ова се само дел од ветените и остварени проекти на Владата, рече Груевски.

 -„Тие што веќе инвестирале се задоволни  од  она што им се случува во Македонија, задоволни се од односот на властите, задоволни се од односот на институциите , задоволни се од законите и генерално од добрата бизнис клима и се разбира задоволни се и од луѓето што ги вработуваат. И затоа се одлучуваат за реинвестирање“ , рече Груевски .

Груевски истакна дека никогаш нема да дозволат македонскиот граѓанин да го свитка рбетот, туку достоинствено да влезе во ЕУ и во НАТО алијансата. „Подготвени сме за компромис за името, но главниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум“, додаде Груевски.

Катерина Давчева