Партиите со меѓусебни обвинувања за одговорноста за состојбата во Гостивар
На политичката сцена сите бараат да се расчисти случајот, но доминираат партиски кавги за состојбата во Гостивар. ВМРО-ДПМНЕ одговорноста ја префрли кај локалната власт предводена од опозициските партии. СДСМ се оградува од управувањето со градот, обвинува дека се прават политички поени на туѓа несреќа.

Партиите со меѓусебни обвинувања за тоа каде лежи и што над илјада граѓани завршија во болница. Социјалдемократите на терен меѓу гостиварци, повикуваат на брза институционална реакција, истрага и одговорност. Од партијата велат дека немаат никаква улога во управувањето со градот и наместо обвинувања бараат обединување.
ВМРО-ДПМНЕ одговорноста ја лоцира во СДСМ, ДУИ и партијата на Таравари. Пред избори ветуваа подобар живот денес гостиварчани ги оставија без елементарни услови, коментираат од владејачката партија од каде ја обвинија локалната власт дека доцни со реакција и бараат одговорност за случувањата.
И локалната власт ќе чека одговор од надлежните институции, дали канализациска вода се измешала со водоводниот систем и е причина за здравствените проблеми на над 1.000 граѓани.
Викторија Милевска
