Временска прогноза
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
20.07.2026 08:10
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
