ТРГОВИЈА

Во Влада средба на производителите и дистрибутерите

20.07.2026 08:53

Производителите и дистрибутерите денеска на заедничка маса во Владата ќе разговараат за продажните и набавните цени на големите количини прехранбени продукти. Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека кај 700 производи од мај минатата до мај годинава, просечните продажни цени се зголемиле за над 4,5 проценти...

Производителите и дистрибутерите денеска на заедничка маса во Владата ќе разговараат за продажните и набавните цени на големите количини прехранбени продукти. Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека кај 700 производи од мај минатата до мај годинава, просечните продажни цени се зголемиле за над 4,5 проценти.

Во меѓувреме народните избраници ќе гласаат за продолжување на кризната состојба, а регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, поради неизвесноста на блискиот исток и затворањето на Ормускиот теснец се очекува ново поскапување.