Продолжуваат нападите во Персискиот залив
Американската војска соопшти дека еден војник е убиен по ирански напад во северен Ирак во саботата, еден ден откако во напад врз база во Јордан беа убиени двајца американски војници, а друг беше исчезнат...

Војната на Блискиот Исток продолжува, двете страни се обвинуваат за напади врз критична инфраструктура. Американската војска соопшти дека еден војник е убиен по ирански напад во северен Ирак во саботата, еден ден откако во напад врз база во Јордан беа убиени двајца американски војници, а друг беше исчезнат.
„Единствената причина зошто САД извршија напади се против средствата на Иран кои се користат за напад врз глобалниот комерцијален превоз. Ормускиот теснец е меѓународен воден пат и тие продолжуваат да лансираат ракети против бродови. Другите земји треба да ни се придружат во овој напор. Соединетите Американски Држави се вклучени не само во заштитата на тие бродови, туку и во таргетирањето на местата што ги користат за лансирање на ракети и беспилотни летала“, изјави Марко Руби, државен секретар на САД.
Вашингтон повторно воведе блокада на иранските пристаништа, а Техеран го прогласи Ормускиот теснец затворен и ги таргетираше сојузниците на САД во регионот, откако прелиминарното примирје пропадна за помалку од еден месец од неговото потпишување.
