МВР

Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил кај Блаце

20.07.2026 10:43

Синоќа во СВР-Скопје било пријавено дека на патот кон граничниот премин „Блаце“ има превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки...

Синоќа во СВР-Скопје било пријавено дека на патот кон граничниот премин „Блаце“ има превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки.

Полициски службеници утврдиле дека во возилото има три починати лица, едно машко и две женски лица. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош.

Претходно, истиот ден во попладневните часови, во полициската станица Бит Пазар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати. Според првичните сознанија, две од лицата биле преземени од меѓународниот аеродром Скопје, по што тргнале кон Косово. Несреќата се случила пред да ја преминат државната граница. Семејствата ден претходно преку медиумите и социјалните мрежи побараа помош од граѓаните за нивно пронаоѓање. Според објавите, тројцата последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје.