Премиера на „Чувството на брадата“ во Театар Комедија

25.09.2014 18:38

На 26-ти септември нова премиера во Театарот Комедија, трета и последна за оваа година. После првите две премиери кои се дел од класиците на светскиот театар- Оскар Вајлд и Вилијам Шекспир “Чувството на брадата”  по текст на Ксенија Драгунска, во режија на Борис Лијешевиќ се поставува во Театар Комедија. Двајцата за прв пат работат во Македонија.

Руската авторка Драгунска првпат се поставува во Македонија, а првпат кај нас режира и Лијешевиќ.

„Многу сум среќна што Театар Кокмедија повторно е пионер во своето дејствување со носењето на овие две нови имиња за македонскиот театар. Оваа претстава беше голем предизвик за сите. Ова е мултинационален проект “, вели директорката на Театар комедија, Јелена Жугиќ.

Според неа, „Чувството на брадата“ е една атипично драмско дело, каде што има отсуство на дијалог, што било предизвик за работа за сите.

„Според мене, оваа претстава ќе биде јаготка на шлагот во репертоарот на Театар Комедија. Ние почнавме со класичен репертоар, поставивме текстови на Оскар Вајлд и Вилијам Шекспир, сега имаме претстава чиј автор е најголемиот жив руски писател“ вели Жугиќ.