Стандард

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари

20.07.2026 12:28

Споредено со претходниот месец кошницата е намалена за 156 денари. Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 68.498 денари според пресметките на сојузот на синдикатите на Македонија.

Споредено со претходниот месец кошницата е намалена за 156 денари. Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ се зголемува на 83.873 денари.

Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци. За оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.