Кривична пријава за двајца скопјани за сторено кривично дело „полов напад и силување“
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче-Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје.
Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа, се наведува во соопштението.
