Политика

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните обвинувања за ситуацијата во Гостивар

20.07.2026 17:52

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните обвинувања за ситуацијата во Гостивар. Премиерот Мицкоски бара одговорност на сите надлежни институции. Вели, на потег е Обвинителството коешто треба да излезе со квалификација. Владата обезбедува вода за пиење за гостиварци. Од СДСМ пак прстот го вперија во новиот министер за здравство...

Морална одговорност од градоначалникот и сите кои имале каква било улога во случувањата во Гостивар, бара премиерот Христијан Мицкоски обвинувајќи дека локалната власт е летаргична и нејзината улога морала да ја преземе Владата. Информираше дека во изминатите денови се преземени сите активности за заштита на граѓаните, дополнителни 60.000 литри вода за потреба на гостиварци биле испратени во текот на денот.

Од „Бикаќка“ нови обвинувања. Властите 5 дена однапред знаеле за труењето во Гостивар и не преземале ништо, велат социјалдемократите кои побараа оставка од министерот за здравство Клековски, оти како што велат дозволил состојбата да ескалира.

Според СДСМ надзорот утврдил дека во главниот цевковод била поставена дивоградена пумпа, без никакво одобрение, преку која директно се вбризгувала вода од реката Вардар во водоводниот систем. Премиерот пак најави дека детално ќе се испитува реконструкцијата на водоводната мрежа во градот.

Викторија Милевска