Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба
Војната на Блискиот Исток го држи под притисок и домашниот пазар. Собранието ја продолжи кризната состојба поради ризикот од нафтени шокови, Владата најавува мерки за да го заштити стандардот, а опозицијата тврди – реакцијата доцни.

Разбеснетата војна на Блискиот Исток ја притиска домашната економија. Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поради ризиците од снабдување со нафта и нафтени деривати до 20 октомври.
Владата образложи дека и натаму постои ризик од нарушувања во снабдувањето и ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати, поради што е неопходно институциите да ги задржат механизмите за навремена реакција и преземање интервентни мерки.
На вонредна владина седница, намалувањето на акцизите за безоловните бензини и дизелот за да се заштити стандардот на граѓаните и да не се дозволи активирање на спиралата на раст на цените.
Од СДСМ критикуваат дека мерките се задоцнети.
Владата и претходно, по првите напади на САД и Израел врз Иран и затворањето на Ормускиот теснец реагираше со намалување на акцизите со што цените на горивата кај нас и натаму се меѓу најниските во регионот.
Кризната состојба првпат беше воведена на 23 март во траење од 30 дена, а потоа беше продолжена три месеци односно до 20 јули.
Ана Јосифоска
