КФМ: Три клуба останаа без лиценца за новата сезона

20.07.2026 20:15

Три кошаркарски клубови нема да добијат лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/2027, соопшти Кошаркарската федерација на Македонија по завршувањето на процесот на лиценцирање.

За првпат, покрај организациските и техничките критериуми, Федерацијата воведе и задолжителни критериуми за финансиска дисциплина, кои клубовите мораа да ги исполнат за да добијат право на настап во новата сезона.

Според КФМ, клубовите биле навремено информирани за условите, роковите и обврските, а им биле понудени и можности за олеснето подмирување на финансиските обврски.

И покрај тоа, ТФТ, Маџари и Чаир не ги исполниле потребните услови до крајниот рок, кој истече на 15 јули 2026 година, поради што нема да добијат лиценца за учество во новата натпреварувачка сезона.

Од Федерацијата посочуваат дека воведувањето на критериумите за финансиска дисциплина е дел од напорите за унапредување на стабилноста и одржливоста на македонската кошарка.