Енди Бернам е новиот британски премиер
Енди Бернам, денеска седна на премиерското столче на „Даунинг стрит 10“, откако без противкандидат беше избран за лидер на владејачката Лабуристичка партија, по оставката на Кир Стармер...

Енди Бернам, денеска седна на премиерското столче на „Даунинг стрит 10“, откако без противкандидат беше избран за лидер на владејачката Лабуристичка партија, по оставката на Кир Стармер.
По средбата со Кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата, Бернам со својата сопруга пристигна во британската влада, а беше пречекан со огромен аплауз од државните службеници. 56-годишниот поранешен градоначалник на Голем Манчестер, e седмиот премиер на Велика Британија од 2016 година.
„Од мојата генерација политичари се бара да го подигнеме нивото на нашата работа и да одговориме на новите предизвици. Британија треба повторно да му покаже на светот дека може да ја врати својата стабилност. Знам дека луѓето во нашата земја се заситени од политиката. Сакам да бидам искрен-не бевме доволно добри и мораме да бидеме подобри. И ќе бидеме. Ќе ги донесеме најголемите промени во последните 40 години. Таа работа започнува веднаш. Ќе ја издадам мојата прва наредба – да ставиме крај на бездомништвото и спиењето на улица во нашата земја“, изјави Бернам.
