Шкендија - ФК Малишева можен противник во третото квалификациско коло од Конференциската лига

20.07.2026 20:35

Шкендија го дозна можниот противник во третото квалификациско коло од Конференциската лига, доколку успешно го елиминира словенечки НК Браво во следната рунда од натпреварувањето.

ФК Шкендија го дозна можниот противник во третото квалификациско коло од Конференциската лига, по денешната ждрепка што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Доколку тетовскиот состав успешно го мине словенечки НК Браво во второто квалификациско коло, во следната рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу косовска Малишева и шкотски Хибернијан.

Според распоредот, првиот натпревар од третото квалификациско коло би се одиграл на 6 август на гостински терен, додека реваншот е предвиден за 13 август во Скопје.

Пред евентуалниот пласман во следната фаза, Шкендија ја очекува двомечот против НК Браво. Првиот натпревар е закажан за 23 јули во Љубљана, со почеток во 20:45 часот, а тетовци ќе се обидат да направат позитивен резултат пред реваншот на домашен терен.