Свет

Се продлабочува кризата околу военото лидерство во Украина

21.07.2026 10:18

Демонстрантите и вчера излегоа на улиците барајќи враќање на Федоров и отстранување на врвниот воен командант на Украина...

Украинскиот претседател Зеленски се соочува со продлабочување на кризата околу воено лидерство откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши изминатата недела, ја отфрли неговата понуда да се врати во владата. Демонстрантите и вчера излегоа на улиците барајќи враќање на Федоров и отстранување на врвниот воен командант на Украина.

Генералштабот на украинската армија ги негираше медиумските извештаи дека началникот на Генералштабот Сирски поднел оставка. На фронтот војната продолжи и изминатото деноноќие.