Руско - украински конфликт

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни масовни напади

21.07.2026 09:48

Продолжуваат масовните напади со беспилотни летала во поголемите градови во Русија и во Украина. На удар со беспилотни летала, ракети и авиони, московскиот и Белгородскиот регион, додека Киев вели дека биле таргетирани Одеса, Запорожје и Павлоград.

Украинскиот претседател Зеленски ce соочува со продлабочување на кризата за военото лидерство, откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши изминатата недела, ја отфрли понудата да се врати во владата.

Демонстранти и вчера излегоа на улиците во поголемите градови со барање за враќање на Федоров и отстранување на врвниот воен командант на Украина.

Генералштабот на армијата ги негираше медиумските извештаи дека врховниот командант на воорушените сили, Олександр Сирски, поднел оставка.