Свет

Трамп воведе нови царини од 50 отсто за дел од канадскиот увоз

21.07.2026 09:53

Претседателот Трамп воведе царина од 50 проценти на голем број стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечните производи и алкохолот...

Претседателот Трамп воведе царина од 50 проценти на голем број стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечните производи и алкохолот.

Премиерот Карни рече дека е подготвен да ги интензивира трговските разговори со САД во наредните недели.

Белата куќа соопшти дека царините ќе стапат на сила за 30 дена. тензиите меѓу двата соседа се продлабочија, откако густ чад од стотици активни шумски пожари во Канада оваа недела зафатија голем дел од територијата на сад, по што Трамп се закани со царини. Премиерот на Онтарио, изјави дека очекувал помош и поддршка од администрацијата на Вашингтон, наместо закани.