Македонија

Силно невреме синоќа го зафати југоисточниот дел на земјата, паднати дрвја, оштетени возила и кровови

21.07.2026 11:42

Големо невреме проследено со силен ветер и дожд, синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјата. Најкритично беше во Стар Дојран, каде што невремето предизвика значителна материјална штета на повеќе локации низ градот. Невреме и во Крива Паланка, струмички регион и Делчево...

Големо невреме проследено со силен ветер и дожд, синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјата. Најкритично беше во Стар Дојран, каде што невремето предизвика значителна материјална штета на повеќе локации низ градот.

Екипи на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ веднаш излегле на терен и интервенирале на повеќе критични точки .

Кусо невреме ја зафати и територијата на општина Крива Паланка, а врнежите од дожд предизвикаа и штети во струмички регион и Делчево каде штетите се санираа до доцна во ноќта.

Паднати дрва, бандери, скинати електрични жици пријавувале граѓаните на бројот 112 по невремето во Куманово. Врнежите од дожд со електрични празнења и силен ветер предизвика низа пожари во селата во Старо Нагоричане, но за среќа сите се изгаснати.