Крушево

Градежни активности за превентивна заштита на „Македониумот“

21.07.2026 19:27

Во Крушево почнаа градежните зафати за превентивна заштита на Македониумот. Во првата фаза се заштитуваат стаклените галерии, а во тек е изработката на основен проект за конзервација и реставрација на комплетниот споменик кој е прогласен за културно добро во опасност.

Почна превентивната заштита на „Македониумот“ во Крушево во кој со години течеше вода. Работите треба да завршат пред празникот.

Со метална конструкција на галериите, со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Споменикот е прогласен за културно добро во опасност.

Превентивната која треба да заврши пред празникот чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година.

Елизабета Митреска