Македонија

Министерството за животна средина очекува целосно расчистување на случајот со епидемијата во Гостивар

21.07.2026 16:39

Градинки, болници, ресторани, верски објекти, јавни чешми и институции во Гостивар се под засилени инспекциски контроли по загадувањето и воведената забрана за користење вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна...

Комуналец од Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод кој ja снабдува општината со вода за пиење, тврди директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска. Се наоѓал на околу 900 метри оддалеченост од главниот цевковод, при што било утврдено дека водата се зафаќала од водно тело кое гравитира во постојан отворен канал и не е опфатено во дозволата издадена од ресорното министерство.

Градинки, болници, ресторани, верски објекти, јавни чешми и институции во Гостивар се под засилени инспекциски контроли по загадувањето и воведената забрана за користење вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Ќе бидат казнети сите оператори со храна што не ја почитуваат забраната за користење на водата.

Министерот за животна средина Хоџа со потсетување на законските обврски и надлежности на органите и институциите во однос на водите.

Хоџа посочи дека проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.

 

Фиљана Кока