Дипломатија

Претседателката на Индија, Друпади Мурму во официјална посета на Македонија

21.07.2026 17:10

Претседателката на Индија, Друпади Мурму е во прва официјална посета на земјава. Квалитетот на политичките односи треба да се достигне и во економското партнерство – истакна претседателката Давкова при билатералната средба со претседателката, Мурму. Економската соработка, инвестициите, дигиталната трансформација, здравството, образованието, културната размена во фокусот на средбата.

Се продлабочуваат пријателските односи со една од најбрзорастечките и најсилни економии во светот, Индија, која се повеќе се истакнува со развиени технологии и иновации. Квалитетот на политичките односи треба да се достигне и во економското партнерство – истакна претседателката Давкова при билатералната средба со претседателката, Мурму.

Економската соработка, инвестициите, дигиталната трансформација, здравството, образованието, културната размена во фокусот на средбата. Трговската размена е интензивирана на планот на информатичките технологии, фармацевтската индустрија, земјоделството, туризмот и изнесува 133 милиони американски долари, а целта е да се достигнат 500 милиони.

Мурму е 15-та Претседателка, втора жена, а прва од домородна заедница во Индија. Ги поминала сите скалила на личен и професионален развој, од наставничка, државен службеник, пратеничка, министерка, гувернерка до прва дама на Индија. Па и нејзините политики се насочени согласно вредностите, подеднаков и подобар пристап до образование, унапредување на демократските вредности и надминување на предрасудите. Индија како дел од економската соработка има програми за стипендирање македонски студенти и државни службеници, обуки за вештачка интелигенција.

Претседателките на средбата гледаат нов импулс во билатералната соработка, со конкретни проекти и партнерства од заеднички интерес.

 

Александра Велинова