Колку чинат полисите за осигурување за земјоделците?

26.09.2014 10:15

За еден хектар пченица земјоделците за осигурување треба да платат само 882 денари. Другиот дел од полисата го плаќа државата. Субвенциите за покривање на штетите од непогоди се наменети за помалите производители...

На осигурителната компанија за осигурување на еден хектар пченица со принос од 3 и пол тони, земјоделецот треба да и плати 882, а државата 1.300 денари.

Лозарот и овоштарот полисата за еден хектар ќе ги чини скоро 12.000, а градинарот 13.500 денари годишно. За еден хектар тутун, пак  треба да се одвојат 4.000 денари.

Максималните површини за кои може да се добијат субвенции од 60 проценти од полисата е до 10 хектари за лозови и овошни насади, 2 хектари за градинарскте култури и тутунот, и 20 за житата.

Еден барател најмногу може да добие 200.000 денари.

 

Методија Трајков