До 24-јули компаниите да аплицираат за мерката за нови вработувања
Пред претставници на бизнис секторот од Кочани и регионот, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги презентираше ефектите од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ …

Пред компаниите од Кочани и поширокиот регион беше презентирана мерката за поддршка на нови вработувања за која компаниите може да аплицираат до 24-ти овој месец. Мерката нуди поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.
До денес во Кочани 88 компании аплицирале за оваа мерка за која и лани имало солиден интерес.
Ова е начин за развој на компаниите, намалување на невработеноста и ублажување на недостигот на работна сила, смета градоначалникот на Кочани.
До сега на државно ниво повеќе од 1.400 фирми аплицирале за оваа мерка со план за вработување на над 1.700 лица.
Славица Величковска
