Транспорт

Се зголемува флотата на „Визер“, во функција ставен седми авион

21.07.2026 17:37

Со седмиот авион на „Виз Ер“ стациониран во Скопје, Македонија ја зацврстува позицијата на регионалната воздушна мапа. Надлежните очекуваат повеќе дестинации, повеќе патници, нови работни места и дополнителен поттик за туризмот и економијата...

Некогаш летањето беше привилегија, денес станува секојдневие за се повеќе граѓани. Со седмиот авион на „Виз Ер“ стациониран во Скопје, Македонија ја зацврстува позицијата на регионалната воздушна мапа. Надлежните очекуваат повеќе дестинации, повеќе патници, нови работни места и дополнителен поттик за туризмот и економијата. Компанијата дополнително ја зајакнува својата база во земјава. Од ТАВ Македонија велат дека ова е силна потврда за довербата во македонскиот пазар и сигнал дека воздушниот сообраќај продолжува да се развива.

Од вкупно 15 аеродроми со кои управува ТАВ, македонските аеродроми бележат најголем пораст на бројот на патници. Министерот за транспорт, Николоски, оцени дека ова е уште една потврда за напредокот на македонската авијација.

Македонскиот авиосообраќај последните години бележи континуиран раст. Се отвораат нови авиолинии, се зголемува бројот на патници, а со тоа расте и поврзаноста на земјата со европските и светските дестинации.

Првите шест месеци од годинава низ аеродромите во Скопје и во Охрид поминале над 2 милиони патници.

Ана Јосифоска