Влада

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

21.07.2026 15:50

Владата денеска донесе одлука за прогласување на 30 дневна кризна состојба во Гостивар поради состојбата со загадувањето на водата од градскиот водовод, соопштија од Владата.

Владата денеска донесе одлука за прогласување на 30 дневна кризна состојба во Гостивар поради состојбата со загадувањето на водата од градскиот водовод, соопштија од Владата.

Кризната состојба е прогласена со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдувачкиот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок.

„Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.

Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдувачкиот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.

Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.

Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани, стои во соопштението на Владата.