Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот, соопштија од Град Скопје.
Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме.
Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици.
Сите расположливи човечки и технички капацитети се ставени во функција, со цел заштита на граѓаните, имотот и градската инфраструктура, како и спречување поголеми штети.
- Ваквите активности се спроведуваат секојдневно, но за ефикасно функционирање на системот неопходна е и одговорност од сите нас, се вели во соопштението.
Град Скопје со апел до граѓаните, да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тој го блокира протокот и оневозможува правилно одведување на дождовната вода.
