Силно невреме во Скопје - откорнати дрвја, однесени покриви, паднати сообраќајни знаци
Силно невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со многу силен ветер. Невремето траеше кратко, но направи вистински хаос во градот...

Силно невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со многу силен ветер. Невремето траеше кратко, но направи вистински хаос во градот.
Поплавени домови, однесени покриви, скршени прозорци, оштетени возила, откорнати дрвја и семафори. Интензивнотo невреме направи хаос во метрополата.
Управата за хидрометеоролошки работи претходно најави дека попладнево во делови од Скопската Котлина ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на УХМР, до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.
