Сообраќајот по влажни коловози, се препорачува внимателно возење

26.09.2014 10:18

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците...

Од ноќеска постојано врне дожд. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Надлежните препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.

На регионалниот пат Пробиштип - Кратово поради свлечиште на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони. 

Времето и денеска ќе биде променливо облачно и постудено и со врнежи од дожд, особено претпладне, велат синоптичарите.