Култура

Битолскиот театар со светска премиера на „Кориолан“ на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона

21.07.2026 18:52

„Кориолан‘ на Битолскиот театар во Верона ќе се изведе по успешната премиера во рамките на 66. Охридско лето, каде публиката ја награди изведбата со долготрајни стоечки аплаузи. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството.

Вечер во рамките на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона, на сцената на театарот Trinità in Monte Oliveto, со почеток од 21 часот, екипата на Битолскиот театар ќе ја има светската премиера на претставата „Кориолан“ во режија на Џон Блондел.

Фестивалот се отвори синоќа со претставата Tempest Toss’D“, копродукција на Театар Ла Рибалда (Италија) и Театар 63 (Обединето Кралство). После изведбата на битолската претстава следуваат: PERIKLES F’NOFS BAĦAR“ – WhatsTheirNamesTheatre – Малта, ерменскиот национален академски театар „Г. Сундукјан“ со премиера на „Ромео и Јулија“, музичко-сценскиот перформанс „Шекспир во песна“ на Даниел Запи, „Сон на летната ноќ“ на унгарскиот Kulcsár Noémi Tellabor. Претставите се со англиски и италијански титлови.

Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20-ти до 26-ти јули прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет.

Мисијата на Verona Shakespeare Fringe (VSF) е да создаде меѓународен, повеќејазичен фестивал во Верона (Италија) кој ќе служи како инспирација и простор за драмите и поезијата на Вилијам Шекспир. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона.

Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio.

„Кориолан‘ на Битолскиот театар во Верона ќе се изведе по успешната премиера во рамките на 66. Охридско лето, каде публиката ја награди изведбата со долготрајни стоечки аплаузи. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.

Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Светските медиуми со големо внимание го следат ова гостување, кое говори за уште еден меѓународен успех на Народен театар Битола.