УХМР
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово се движи кон Македонија
21.07.2026 20:48
Метеоролозите нагласуваат дека ова невреме ќе донесе поизразени врнежи, но не и силен ветер каков што го зафати главниот град попладнево...

Нов бран невреме во Македонија пристигнува од Албанија, Косово и Црна Гора, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Метеоролозите нагласуваат дека ова невреме ќе донесе поизразени врнежи, но не и силен ветер каков што го зафати главниот град попладнево.
Надлежните препорачуваат граѓаните да ја следат временската прогноза и предупредувањата, како и да бидат внимателни поради можноста од локални невремиња со интензивен дожд и град.
