Невреме

Дваесетина лица побарале лекарска помош во болниците во Скопје по невремето

21.07.2026 21:42

Силното невреме што попладнево го погоди Скопје зад себе остави повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници повици за помош. Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирал повеќе од 8.300 повици на бројот 112 за само четири часа.

Дваесетина лица побарале лекарска помош во болниците во Скопје по невремето, од кои девет во Ургентниот центар на скопските клиники, шестмина во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум охридски“ каде еден пациент странец, врз кој паднало дрво е задржан за опсервација, останатите пациенти според информациите од директорот д-р Небојша Настов биле со исеченици, набиеници и се третирани амбулантски.

Според директор на Клиниката за трауматологија и Ургентниот центар, Мерџановски, лекарска помош побарале девет повредени, две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на неврохирургија, а друга е со скршена рака. Сите се во стабилна состојба.

Во Градската општа болница „8 Септември“ не биле примени лица повредени во невремето, но била предизвикана значителна материјална штета. Според директорот д-р Синиша Стојаноски, најголеми оштетувања има на покривот и покривната конструкција, а точниот обем ќе биде утврден по извршениот увид.