Временска прогноза

Облачно со сончеви периоди, наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град

22.07.2026 08:06

Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h)...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.