Трамп: Не завршивме со Иран, следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“...

Американскиот претседател Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
„Веројатно наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тоа многу силно. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање. Ако сега си заминеме, на Иран ќе му требаат од 20 до 25 години за да го обнови. Но ние воопшто не сме завршиле“, рече Трамп.
Американската армија во текот на ноќта повторно бомбардираше иранска инфраструктура. Како одговор на тоа, Техеран соопшти дека погодил цели во соседните земји, сојузници на Вашингтон во Кувајт, Бахреин и Јордан.
