Фудбал
Најновата ФИФА ранг-листа: Македонија останува на 69. место
22.07.2026 09:20
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 69. место на најновата ФИФА ранг-листа со 1.369 бодови, без промена во однос на претходното рангирање. Следното ажурирање на светската листа е закажано за 7 октомври.

По завршувањето на Светското првенство 2026, има промена на врвот на ранг-листата. Новиот светски шампион Шпанија се искачи на првото место, додека Аргентина падна на втората позиција. Франција и Англија ги задржаа третото и четвртото место.
Од репрезентациите во регионот, Албанија назадува за едно место и сега се наоѓа на 67. позиција, додека Косово останува на 78. место.
