Фудбал
ФИФА го затвори случајот со Паредес
22.07.2026 09:28
ФИФА за „Би-Би-Си Спорт“ потврди дека црвениот картон што аргентинскиот фудбалер го доби по натпреварот нема да биде официјално евидентиран.

Леандро Паредес беше еден од најактивните актери во инцидентите што се случија по завршувањето на големото финале на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“, но неговото однесување нема да има последици.
ФИФА за „Би-Би-Си Спорт“ потврди дека црвениот картон што аргентинскиот фудбалер го доби по натпреварот нема да биде официјално евидентиран.
Воедно, од светската фудбалска организација соопштија дека против Паредес нема да биде покрената никаква дисциплинска постапка.
