Невил: Аргентина играше очајно, без Меси немаше ни да стигне до финалето
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, упати жестоки критики кон играта на Аргентина во финалето на Светското првенство 2026 против Шпанија, оценувајќи дека „гаучосите“ прикажале многу слаб настап.

Во подкастот „Stick to Football“, Невил истакна дека, иако Аргентина успеала да остане во натпреварот до самиот крај, нејзината игра била далеку под очекувањата.
„Моите први зборови беа пофални за нив, но вистината е дека одиграа многу лошо. Заслужуваат признание што останаа во игра, но нивниот настап беше на многу ниско ниво“, изјави Невил.
Поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед смета дека Аргентина не би стигнала до второ последователно финале на Светско првенство доколку во тимот не бил Лионел Меси, кој постигна осум голови на турнирот.
„Аргентина има неверојатна хемија и победнички менталитет, а го има и неверојатниот Лео Меси. Без него немаше да игра во финалето“, нагласи Невил.
И покрај пофалбите за Меси, Невил остана на ставот дека настапот на Аргентина во финалето бил разочарувачки.
„Ако нешто изгледа лошо и мириса лошо, тогаш најверојатно е лошо. Тоа што го видовме во финалето беше просечен настап. Аргентина играше исклучително слабо и многу неубаво“, заклучи поранешниот англиски репрезентативец, кој во кариерата одигра 85 натпревари за националниот тим.
