Тетово ќе пулсира со театарот
Од вечерва Тетово ќе пулсира со актерите и со театарот. Во наредните шест вечери во рамки на театарскиот фестивал ќе бидат прикажани претстави од повеќе ансамбли од земјава, како и од Албанија и од Косово...

Претставата Изгубени Германци на Дејан Дуковски ќе биде дел од третиот Фестивал на Тетовскиот театар. Претставата на Македонскиот наредоен театар во која носители на главните улоги се Тони Михајлоски, Никола Ристаноски, Камка Тоциновска... ќе биде прикажана во недела со почеток во 20 часот.
На фестивалот учествуваат и претстави од Куманово, Косово и Албанија, како и Девојката во црвено и црно на Тетовскиот театар.
„Имам посебно задоволство да истакнам дека Тетовскиот театар уште еднаш успешно го организираше овој фестивал. Фестивалот ќе трае шест дена и се организира трета година по ред“, изјави Ваљмир Изаири, НУ „Тетовски театар“ – Тетово.
Публиката и годинава ќе ја избере најдобрата претстава која догодина ќе ја има честа да го отвори фестивалот.
„Јас мислам дека и оваа година ќе имаме шаренолик фестивал со кој ќе биде заинтригирана тетовската публика. Верувам дека догодина, четвртиот фестивал ќе го реализираме како биенале на кое ќе се претставуваат авторите од земјите од кои доаѓаат“, рече Бајруш Мјаку, селектор на фестивалот.
Целата на фестивалот е на него да се прикажуваат претстави од повеќе европски земји од нивни, домашни, автори.
Зоран Јованоски
