КОНМЕБОЛ бара Светско првенство со 64 репрезентации
По првото Светско првенство со 48 селекции, Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи Мундијалот во 2030 година да се одржи со рекордни 64 репрезентации.

23. издание на Светското првенство заврши со триумф на Шпанија и беше првиот турнир на кој настапија 48 национални селекции.
По финалниот натпревар, претседателот на КОНМЕБОЛ предложи Светското првенство во 2030 година да биде проширено на 64 репрезентации, што би претставувало рекорден број учесници во историјата на турнирот.
На првото Светско првенство, одржано во 1930 година во Уругвај, учествуваа само 13 репрезентации.
Светското првенство во 2030 година ќе биде во организација на Шпанија, Португалија и Мароко, а по повод 100-годишнината од првиот Мундијал ќе се одиграат по еден натпревар во Монтевидео (Уругвај), Буенос Аирес (Аргентина) и Асунсион (Парагвај).
