МВР

Лишени од слобода двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22.07.2026 10:20

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријава...

Вчера во 12:25 часот на ул. „Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.С.(35) од Струмица поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“, соопштија од МВР.

Имено, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски таблички, кои припаѓале на друго патничко возило, а при контрола на возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан и албански регистарски таблички, сообраќајна дозвола, зелен картон и договор за изнајмување на возило од рент-а-кар компанија. За настанот бил известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

Исто така, вчера во 17:50 часот на експресен пат Градско – Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти, но возилото продолжило со движење и кај клучка Крушевица изгубило контрола и удрило во банкините од патот, по што возачот и мигрантите го напуштиле местото и возилото. Набргу, во близина на местото биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан, кои имале телесни повреди и биле пренесени во болницата во Кавадарци, каде им била укажана помош, а потоа биле спроведени во Прифатен центар за странци Гази Баба.

По преземени мерки, на 22.07.2026 во 01:00 часот на експресен пат Прилеп – Градско, кај клучка Крушевица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од Скопје, а сопатник бил И.Н.(34) од Скопје, со живеалиште во с. Крушопек, скопско. Поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен И.Н. Тој бил предаден во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријава.