Град Скопје

Откриена спомен биста на Махатма Ганди во Скопје

22.07.2026 12:41

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска - Давкова, денес свечено открија биста на духовниот водач на индиската борба за независност Махатма Ганди.

„На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше – мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите.

Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза. Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме“, објави Ѓорѓиевски.