Се санираат штетите по невремето во Штип
Долга ноќ имаа и надлежните служби во Штип, се справуваа со штетите од невремето, а фокус беше даден на привремена санација на кровот на Клиничката болница. Одделението за ортопедија работи со намален обем, пациенти со скршеници не се примаат...

Сите оддели функционираат нормално, освен Одделот за ортопедија. Клиничка болница Штип бара пациентите од регионот да не се праќаат во штипска ортопедија.
„Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови Ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман“ – КБ Штип.
Добар дел од штетите од вчерашното невреме во Штип се санирани, екипи на јавните претпријатија расчистуваат и нема застој во нормалното функционирање. Се утврдуваат и се пријавуваат штетите на приватните објекти и автомобили, а локалната власт ја сумира штетата на јавните објекти
Сериозен проблем невремето предизвика и во Кочани. Неколку часа околу 80 насто од градот остана без електрична енергија, што предизвика и прекин на водоснабдувањето. Од Општина Кочани информираат дека проблемот целосно е надминат во раните утрински часови часови.
Славица Величковска
