Се санираат последиците од големото невреме
Се санираат последиците од големото невреме што зафати делови од Македонија. Предизвикани се материјални штети – силниот ветер однесе 35 покриви на згради и болници, паднатите дрвја уништија над 100 автомобили, имаше и пожари и повредени...

Се санираат последиците од големото невреме што зафати делови од Македонија. Предизвикани се материјални штети – силниот ветер однесе 35 покриви на згради и болници, паднатите дрвја уништија над 100 автомобили, имаше и пожари и повредени. Оштетени се и витални институции – претседателската Вила Водно, објектот на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, министерствата за Финансии и Земјоделство, објектот „Нова Македонија“. Скопје за 20-ина минути остана без речиси 200 дрвја. Во ЦУК се примени над 9 илјади повици.
Андријана Ѓурческа известува.
