Ризици што ги носи консумирањето на небезбедна вода
Консумирањето небезбедна вода може да предизвика сериозни здравствени последици. Најчесто тоа се стомачни и цревни инфекции, а најзагрозени се децата, повозрасните, хронично болните и лицата со намален имунитет - велат епидемиолозите.

Водата е неопходна за живот, но само доколку таа е исправна. Микробиолошки загадената вода може да предизвика сериозни здравствени последици, најчесто тоа се стомачни и цревни инфекции, а најзагрозени се децата, повозрасните, хронично болните и лицата со намален имунитет - велат епидемиолозите.
Во случаи кога надлежните институции препорачуваат водата да не се користи-потребно е таа препорака доследно да се почитува. Експертите советуваат да се користи безбедна алтернатива, додека официјално не биде потврдена нејзината исправност. Загадената вода како во случајот во Гостивар да не се користи воопшто.
Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека квалитетот и безбедноста на водата, треба да се следи преку континуиран мониторинг и анализи без отстапки.
Водата од гостиварскиот водовод, сè уште е забранета за секаква употреба. Со цел подобра координација на институциите и побрзо ставање во функција на водоснабдителниот систем, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба.
Александра Максимовска
