Гостивар

Животот во Гостивар во услови на прогласена кризна состојба

22.07.2026 20:05

Гостивар живее во услови на кризна состојба поради водоводната мрежа, која е контаминирана со фекалии. Централната власт се реши на ваков чекор за да може поефикасно да менаџира со ситуацијата, бидејќи општината сама не може да се справи. И покрај забраната за секаква употреба, дел од жителите како да не веруваат во предупредувањата од епидемиолозите

Во екот на летото и високите температури, кога водата е најпотребна, жителите на Гостивар велат, се снаоѓаат како знаат и умеат. Се жалат дека не можат да се искапат, да измијат раце, ниту да приготват храна. Цистерните се на терен, но тие бараат и поголема достапност.

Некои, пак, признаваат дека и покрај забраната, и натаму користат вода од чешмите.

Епидемиолозите децидни – водата од градскиот водовод да не се користи за пиење, ниту за подготовка на храна сè додека надлежните не потврдат дека е безбедна за употреба.

Од болницата додаваат дека се намалува бројот на пациенти кои бараат помош.

Во болницата во Гостивар поставена е цистерна којашто ќе биде на располагање за потребите на болницата во наредниот период сè додека е тоа потребно.

Ана Јосифоска