Пет нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија

26.09.2014 10:58

Двајца од овие се од Штип, еден Кочани, еден Скопје и еден од Куманово...

За 5 недели 5 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во земјава. Тројца од нив се студенти од Штипскиот универзитет, пишува порталот „Здравство24“. Според епидемиолозите, бројките се алармантни, а загрижува и начинот на пренос на болеста.

Двајца од овие се од Штип, еден Кочани, еден Скопје и еден од Куманово.

Зголемен е бројот на хив позитивни. Имаме и еден смртен случај кој е со сида на 65 години, вели примимариус Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.

Со овој број, вкупно 31 лице се заразени годинава од вирусот. Епидемиолозите алармираат – само за 8 месеци има повеќе од 27-те регистрирани во 2013-та година.