Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

23.07.2026 08:36

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.