Македонија
Делови од Скопје и натаму без електрична енергија
23.07.2026 08:45
Санирани се 90 насто од дефектите, но делови од градот Скопје сè уште се без струја...

Невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Санирани се 90 насто од дефектите, но делови од градот Скопје сè уште се без струја. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон беа 2.308 трафостаници на електродистрибуција. Оттаму соопштуваат дека во моментов на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 трафостаници, бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно го блокира пристапот и дополнително ја отежнува работата.
Велат, на терен интензивно се интервенира и нема да се запре се до целосно нормализирање на состојбата.
